Шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон го достигна рекордот на Михаел Шумахер по бројот на победи, тој е на добар пат и да го достигне по бројот на титули, но сепак смета дека не е почитуван како што заслужува.
– Многу луѓе сè уште ме омаловажуваат. Особено постарите возачи. Тие се опседнати со тоа. Не знам зошто. Можеби еден ден ќе го преболат тоа. Но, јас имам огромна почит кон легендите од минатото, за сите. Ги ценам, бидејќи знам дека беше тешко, времето беше поинакво. Беше неверојатно тешко за нив и тие остануваат легенди, вели Британецот.
Тој признава дека е многу повреден од коментарите дека победува затоа што го има најдобриот болид.
– За 20 години, кога ќе погледнам наназад, можам да ветам: нема да омаловажувам ниту еден млад возач кој е успешен, рече тој..
Хамилтон оствари 91 победа во кариерата и има шест титули во Формула 1.
Влатче Зорба