Хамас ја поздрави резолуцијата на СБ на ОН која го поддржува предлогот за прекин на огнот во Газа

Сподели со своите пријатели

Палестинската милитантна организација Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека е подготвена да соработува со посредниците за спроведување на принципите на планот.

Loading...

„Хамас го поздравува она што беше вклучено во резолуцијата на Советот за безбедност со која се потврди постојан прекин на огнот во Појасот Газа, целосно повлекување (на израелските сили), размена на затвореници, реконструкција, враќање на раселените, отфрлање на каква било демографска промена или намалување на подрачјето на Појасот Газа и испорака на потребната помош за нашиот народ во Газа“, се вели во соопштението на Хамас, а пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Хамас, исто така, изрази подготвеност да се вклучи во индиректни преговори за спроведување на принципите кои се во согласност со барањата на „палестинскиот народ“.

Синоќа Советот за безбедност на ОН усвои американска нацрт-резолуција која го поддржува предлогот на американскиот претседател Џозеф Бајден за прекин на огнот во Појасот Газа.

Русија се воздржа од гласање, додека преостанатите 14 членки на Советот за безбедност гласаа „за“.