Хамас го покани Илон Маск во Газа за да ги види последиците од „масакрот и уништувањето“

Сподели со своите пријатели

Хамас го покани Илон Маск да се увери во размерите на насилството и уништувањето што Израел го изврши во Појасот Газа.

Loading...

Повикот од високиот функционер на Хамас Осама Хамдан пристигна во вторникот.

Еден ден претходно, технолошкиот милијардер, кој е сопственик на платформата X, го посети кибуцот кој беше цел на напад на Хамас на 7 октомври, ветувајќи дека ќе стори сé што е потребно за да го спречи ширењето на омраза.

Маск се сретна и со израелскиот премиер и претседател, а Хамдан го покани да ја посети Палестина за да добие севкупен впечаток.

„Го покануваме да ја посети Газа за да се увери во колкав обем е масакрот и уништувањето извршено врз народот на Газа, во согласност со стандардите на објективност и кредибилитет“, рече Хамдан на прес-конференција во Бејрут.

„За 50 дена Израел фрли повеќе од 40.000 тони експлозив врз домовите на беспомошните жители на Газа“, додаде тој.

Пресврт во ставовите

Маск неодамна се соочи со критики дека платформата Х е исполнета со антисемитизам и бела националистичка реторика која промовира насилство и омраза.

За време на неговата посета на Израел, откако го виде десеткуваниот Кибуц Кфар Аз, Маск рече дека е шокиран и дека Израел „нема друг избор“ освен да го елиминира Хамас.

Loading...

Тој, исто така, склучи договор според кој „сателитските единици Starlink ќе работат во Израел само со одобрение на израелското Министерство за комуникации, вклучувајќи го и Појасот Газа“, што претставува остар пресврт од неговите претходни ставови дека тој може да обезбеди Starlink за подобрување на комуникациите во Газа во услови на бројни телекомуникациски прекини .

Официјалниот претставник на Хамас, исто така, ги повика САД „да ги разгледаат (неговите) односи со Израел и да престанат да ги снабдуваат со оружје“, а меѓународната заедница да испрати специјализирани тимови за цивилна заштита што е можно поскоро за да помогнат во извлекувањето на илјадници тела од под урнатините.