Хакирани приватните телефони на шефицата на кабинетот на Белата куќа, ФБИ истражува

Сподели со своите пријатели

Американските федерални власти истражуваат обид за лажно претставување на шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Loading...

Во извештајот се вели дека Вајлс им кажала на колегите дека некои од нејзините контакти на мобилниот телефон биле хакирани, дозволувајќи ѝ на лажната личност да пристапи до приватни телефонски броеви, објави „Ројтерс“.

Инцидентот влијаел на нејзиниот личен телефон, а не на нејзиниот владин телефон, се наведува во извештајот.

„Волстрит журнал“ објави дека во последните недели, сенатори, гувернери, врвни американски бизнисмени и други личности добиле пораки и повици од лице кое тврди дека е Вајлс, повикувајќи се на луѓе запознаени со пораките.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Терористички напад во САД: Осум лица се повредени

Белата куќа и Федералното истражно биро (ФБИ) не одговорија веднаш на барањата за коментар.