Хакиран „WhatsApp“: Корисниците без можност за одбрана

Сподели со своите пријатели

Шпионски софтвер изработен од страна на „напреден хакер“ успеал да влезе во повеќе мобилни телефони преку познатата „WhatsApp“ апликација за комуникација и тоа без интервенција на корисниците преку гласовните повици во апликацијата.

Loading...

„Фајненшал тајмс“ како можен хакер во овој случај ја означи израелската група НСО, пренесува АП.

Шпионскиот софтвер НСО повеќе пати е откриван во хакирање новинари, адвокати, бранители на човекови права и десиденти.

Софтверот успеал да продре во телефоните низ пропуштените повици преку функцијата за гласовно повикување, изјавил портпаролот на „WhatsApp“ и рекол дека софтверот кој е користен кон почетокот на мај заразил непознат број уреди.

Се наведува дека корисникот немал можност да се одбрани, а спроед зборовите на експертите, единствен начин за заштита во овој случај би бил апликацијата воопшто да не е инсталирана во телефонот на корисникот.

Шпионскиот софтвер е вплеткан и во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој минатата година е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, и чие тело никогаш не е пронајдено.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *