Хакиран компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела бил жртва на сајбер напад, соопшти судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип на напад станува збор.

Loading...

Како што јави холандскиот јавен сервис НОС, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи.

Сепак, како што се наведува, Судот не сакал да го потврди тоа, а портпаролот рекол дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, како и дали зад нападот стои странска влада.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг истражува геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и ги гони осомничените.

Информациите со кои располага МКС се многу чувствителни, а како што се наведува, за осомничените би можело да биде интересно да знаат дали против нив се води истрага и кого Судот сослушува како сведоци.