Хакерските напади на руските сајтови се посилни од кога било

Сподели со своите пријатели

Веб-страницата на руската влада се соочува со невидени сајбер-напади, а се прават технички напори за филтрирање на странски веб сообраќај, се вели во денешното соопштение на руското Министерство за дигитални технологии.

„Страниците на руските министерства, агенции и државни компании беа цел на хакери поради настаните во Украина, а веб-страниците на Кремљ, водечкиот авио превозник Аерофлот и главниот заемодавач Сбербанк се меѓу оние со прекини или привремени проблеми со пристапот во последните недели“, соопшти руското Министерство, наведувајќи дека работи на прилагодување на овие нови услови, со поголеми и посилни сајбер-напади.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

„Оптеретувањето два до три пати посилно од кога било досега“

Ако порано нивната моќност достигнуваше 500 гигабајти во моментите на најголемото оптоварување, сега е 1 терабајт“, велат во министерството. „Тоа е два до три пати посилно од најсериозните инциденти од ваков вид што биле пријавени досега“, велат тие.

Бидејќи Русија станува се поизолирана од глобалните финансиски системи и синџири на снабдување, руската влада предложи низа мерки за поддршка на ИТ секторот.

Технолошките компании ќе имаат повластени даноци и повластени услови за заем.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Повикувајќи се на нацрт документи на руската влада, Интерфакс доцна синоќа објави дека руското министерство предложило да се доделат 14 милијарди рубљи за поддршка на ИТ компаниите во форма на грантови.

Ројтерс пишува дека не можел веднаш да го потврди извештајот.