Хакерски напади на влади и компании предизвикаа проблеми ширум Европа

Сподели со своите пријатели

Хакерите вчера со напади предизвикаа големи проблеми ширум Европа, а посебно погодена е Украина.

Претставници од украинската Влада пријабиле сериозни пореметувања во работата на електродистрибуцијата, банките и владините служби. Руската енергетска компанија „Роснјефт“ исто така соопштила дека била таргет на хакерскиот напад, како и транспортната компанија „А.П. Молер-Маерск“, во чиее соопштение се наведува дека секој огранок од нивното работење претрпел штета.

Заменик премиерот на Украина, Павло Розенко вели дека компјутерскиот систем во зградата на Владата исто така паднал.

Информација за тоа кој би можел да биде одговорен за нападите има многу малку, но технолошките експерти кои ги испитувале фотографиите кои кружат по социјалните мрежи велат дека постојат индиции дека се работи за „ренсомвер“ (ransomware), програми кои ги заклучуваат системите и податоците додека на авторот на вирусот не му биде платен „откуп“.

Слични проблеми се пријавени и од Русија, Данска, Велика Британија, Германија, а нападнат е и чернобилскиот систем за набљудување на нивото на радијација.

 

Loading...