Хабитат и Општина Куманово потпишаа прелиминарен договор за обнова на 12 станбени објекти

Сподели со своите пријатели

Денеска Градоначалникот Зоран Дамјановски потпиша прелиминарен договор со директорот на ХАБИТАТ Македонија Зоран Костов за финансиско учество од дваесет проценти од вредноста на  реконструкцијата, на  станбените згради во Општина Куманово (од јавниот повик ) за подобрување на енергетска ефикасност.

Loading...

Комисијата за избор на најсоодветни понуди за спроведување на проектот„Обезбедување подршка во подобрување на енергетската ефикасност во колективно домување“ формирана со Решение бр.08-7181/1 од 31.07.2015 година од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, на ден 21.09.2015 година се состана и  ја состави  следната ранг листа на станбени згради со најсоодветни понуди:

1.Станбена зграда на ул. „Плоштад М.Тито“ бр.37 со вкупно освоени 14 бода,

2.Станбена зграда на ул.„Ленинова“бр.2-1 и бр.2-2 со вкупно освоени 14 бода,

3.Станбена зграда на ул.„Илинденска“ бр.50 со вкупно 14 бода,

4.Станбена зграда на ул.„Плоштад М.Тито“ бр.79/,2 со вкупно освоени 12 бода,

5.Станбена зграда на ул.„Димитрије Туцовиќ“  со вкупно освоени 12 бода,

6.Станбена зграда на ул.„Доне Божинов“ бр.24А со вкупно освоени 11 бода,

Loading...

7.Станбена зграда на ул.„Народна Револуција“ бр.1 со вкупно освоени 11 бода,

8.Станбена зграда на ул.„Димитар Влахов“ бр.32 со вкупно освоени 11 бода,

9.Станбена зграда на ул.„Драган Стопаревиќ“ бр.10 со вкупно освоени 11 бода,

10.Станбена зграда на ул.„Тодор Велков“ бр.1/3 со вкупно освоени 8 бода,

11.Станбена зграда на ул.„Браќа Рибар“ бр.130 со вкупно освоени 7 бода,

12.Станбена зграда на ул.„Октомвриска Револуција“ бр.4/1 со вкупно освоени 5 бода.

Комисијата за избор на најсоодветни понуди за спроведување на проектот ги објавува првичните резултати од Јавниот повик а во наредниот период според листата  ќе  бидат одржувани состаноци со сите куќни совети кои што учествувале на повикот.