Гвантанамо подготвен да прими нови затвореници

Сподели со своите пријатели

Затворот Гвантанамо е подготвен да прими нови затвореници, но се уште не пристигнала никаква наредба за тоа, рекол висок американски воен службеник.

Претседателот на САД Доналд Трамп во јануари потпиша решение со кое го поништи претходното на Барак Обама за затворање на тој оспоруван американски затвор на Куба.

– Сега таму има 41 затвореник. Подготвени сме да примиме други доколку ни ги испратат, ркеол адмирал Курт Тид, шеф на оперативната команда за Јужна Америка.

Во затворот Гвантанамо од 2008. година нема пристигнати нови затвореници. Затворот бил отворен по нападот на 11. септември и за време на најактивниот период таму имало 780 затвореници осомничени за врски со Ал Каеда и Талибанците.

За време на кампањата Доналд Трамп вети дека ќе го наполни затворот со „лоши момчиња“ и рече дека би било добро САД таму да испраќаат на судење осомничени за тероризам.

Leave a Reply