Гувернерот на Доњецк повика 350.000 цивили да се евакуираат

Сподели со своите пријатели

„Доњецк ќе одлучува за судбината на целата земја. Кога ќе има помалку луѓе, ќе можеме повеќе да се концентрираме на нашиот непријател и да ги извршуваме нашите главни задачи“, изјави гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко и го повика населението да се евакуира.

Loading...

Руските сили го зазедоа соседниот Луганск и сега се верува дека планираат да ја продолжат офанзивата во Доњецк, поради што властите ги повикаа жителите да се евакуираат.

Регионалниот гувернер на Луганск, Сергиј Хаидаи, изјави дека руските војници тешко се пробиваат во Доњецк бидејќи претрпеле големи загуби во долгата битка за Лисичанск и Северодонецк.

Хајдај за украинската телевизија изјави дека Москва сега ги испраќа своите сили на југ.

– Тешки борби се водат на периферијата на Луганск… Сите сили на руската армија и резервите се пренасочени таму… Тие трпат големи загуби, рече Хајдај.

Во меѓувреме, борбите продолжија околу Славјанск во Доњецк. Градоначалникот Вадим Лиак рече дека градот бил изложен на „масовно гранатирање“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа објави дека сирените за воздушен напад се огласиле во речиси целата земја.

– Руската армија не мирува и не прави паузи. Има само една задача – убивање луѓе и заплашување, рече Зеленски.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.