Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот.

Loading...

„Водени од профитот, тие го вратија екстремизмот од маргините на мејнстримот“, рече тој.

„Со користење на алгоритми кои ја засилуваат омразата за да ги задржат корисниците залепени за нивните екрани, платформите на социјалните медиуми стануваат соучесници во ширењето насилство, како и огласувачите кои го субвенционираат овој бизнис модел“, рече Гутереш за време на говорот по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пренесува Танјуг.

Моќта на мрежите

Гутереш долго време изразува загриженост за моќта што ја користат социјалните медиуми и повика на подобра регулатива за да се разјасни одговорноста и да се подобри транспарентноста.

„Знаеме како говорот на омраза лесно се претвора во злосторство од омраза, како вербалното насилство раѓа физичко насилство, како различноста и социјалната кохезија, како и вредностите и принципите што нѐ поврзуваат заедно, се поткопани“, рече Гутереш.