Гутереш: Русија мора да ги почитува санкциите на ОН наметнати на Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека Русија мора да се придржува до санкциите на Обединетите нации наметнати на Северна Кореја, откако двете земји потпишаа договор за заемна одбрана.

Loading...

„Има санкции наметнати од Советот за безбедност на Северна Кореја“, рече Гутереш, нагласувајќи дека „односите на секоја земја со Северна Кореја, вклучително и Руската Федерација, мора целосно да ги почитуваат тие санкции“, пишува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 19 јуни во Пјонгјанг потпишаа „Сеопфатен договор за стратешко партнерство меѓу двете земји“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја продолжува да емитува пропагандни преноси против Северна Кореја

Сеопфатен договор

Путин и Ким го потпишаа документот на крајот од разговорите меѓу делегациите на двете земји со учество на двајцата претседатели.

Рускиот лидер го нарече претходно подготвениот документ фундаментален и истакна дека тој ќе ја претставува основата на односите меѓу Русија и Северна Кореја многу години.

Путин изјави и дека Москва не ја исклучува можноста да снабдува други земји со оружје како одговор на испораката на оружје за Украина.

Меѓу другото, тој рече дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.