Гутереш: „Намалете ја температурата, веднаш!

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека најранливиот дел од светското население „плаќа ужасна цена со децении“ поради непопустливоста на големите загадувачи на животната средина.

Loading...

– Земјите од Г20 се одговорни за 80 отсто од емисиите. Тие исто така ги трпат последиците од рекордни суши, пожари и поплави, но се чини дека климатските активности се намалуваат – изјави Гутереш пред новинарите во Њујорк, пренесе Ројтерс.

Изјавата на Гутереш уследи по неговото враќање од Пакистан, каде ги виде разорните ефекти од поплавите.

Тој рече дека неговата порака до светските лидери е „да ја намалат температурата сега.

Седумдесет и седмата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во рамки на редовната есенска сесија, беше отворена во вторник во Њујорк.

Агендата ги вклучува сите клучни меѓународни теми, вклучително и климатските промени.