Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш пристигна во украинскиот град Лавов и денеска ќе се сретне со украинскиот и турскиот претседател Володимир Зеленски и Реџеп Таип Ердоган.
На дневен ред на состанокот ќе биде и ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.
Руските сили повторно силно го нападнаа вториот по големина украински град Харков.
Најмалку седум лица загинаа, а 16 се повредени во гранатирањето на квартот Салтивка.
Украина стравува од напад на Киев на Денот на независноста, 24 август, кога ќе биде точно половина година од почетокот на војната.
По серијата експлозии на Крим, Русија наводно почнала да прераспоредува авиони и хеликоптери подлабоко на територијата на анектираниот полуостров и воведе контролни точки за сообраќај на мостот Крим.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.