Гутереш: Да се избегне ескалација по експлозијата во Полска

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска апелираше да се избегне ескалација во Украина по ракетната експлозија во Полска, во која загинаа две лица, соопшти неговиот кабинет.

Loading...

„Генералниот секретар е многу загрижен поради извештаите за ракета што експлодира на полска територија. Апсолутно е неопходно да се избегне ескалација на војната во Украина“, рече Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар на ОН, во изјавата.

Гутереш упати сочувство до семејствата на жртвите, пренесе Тас.

„Генералниот секретар се надева дека ќе биде спроведена детална истрага“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН.

За денеска е закажан состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина, кој дефинитивно ќе биде фокусиран на полскиот инцидент, напиша првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански на својот канал Телеграм.