Гугл заштеди милијарда поради пандемијата: Короната му оди на раце на технолошкиот гигант!

Сподели со своите пријатели

Технолошкиот гигант Гугл би можел да заштеди милијарда долари во текот на 2021 година благодарение на пандемијата на коронавирус, пренесуваат странските медиуми.

Loading...

Според матичната компанија на ИТ гигантот „Алфабет“, во текот на првиот квартал, „Гугл“ заштедил 268 милиони долари, што е сума што би се потрошила на кампањи, промоции, забава …

 

 

Доколку овој тренд продолжи, тоа практично би значело дека заштедите на годишно ниво ќе изнесуваат дури милијарда долари.

– Со укинувањето на ограничувањата за КОВИД-19, се повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку Интернет, што е многу добро за рекламниот бизнис на Гугл. Вработените во Гугл, сепак, работат од дома и не патуваат толку многу во компанијата – и тоа е добро и за нејзиниот бизнис – според извештајот на Лос Анџелес Тајмс.

„Алфабет“ во својот годишен извештај претходно оваа година наведе дека трошоците за рекламирање и промоција паднале за 1,4 милијарди долари во 2020 година, бидејќи компанијата ги намалила трошењата, паузирала или ги презакажала кампањите и променила некои настани во само дигитални формати поради пандемијата.

Loading...

 

 

– Трошоците за патувања и забава паднаа за 371 милиони долари. Заштедите компензираат многу од трошоците направени со ангажирање илјадници работници, се вели во анализата.

Сепак, и покрај добрите финансиски резултати, компанијата објави дека „ќе се врати во канцелариите“ до крајот на оваа година и дека ќе примени „хибриден модел“, што всушност значи дека дел од работниците ќе работат од простории на компанијата и дел од куќи.

Leave a Reply