Гугл загуби уште една битка: Ќе им плати на француските медиуми за авторски права

Сподели со своите пријатели

Гугл се согласи да плати 76 милиони долари на група француски медиуми за три години по долготрајниот спор за авторските права, покажуваат документите што ги објави Ројтерс.

Loading...

Двата документи вклучуваат договор во кој се наведува дека Гугл е подготвен да плати 22 милиони долари годишно на група од 121 национален и локален француски медиум, откако ќе потпише договори со нив поединечно, пренесува Хина.

 

 

Вториот документ е спогодба според која Гугл се согласил да плати 10 милиони долари на истата медиумска група во замена за откажување од сите сегашни и идни тужби за авторско право во следните три години, колку што трае договорот.

Договорот беше постигнат откако Франција донесе нов закон за авторско право, како дел од поширокиот закон на Европската унија за таканаречените „соседни права“.

 

Loading...

 

Мерката ги принудува Гугл и другите големи интернет платформи да преговараат со медиумите за да се договорат за плаќање на содржината што ја користат за нивните информативни услуги преку интернет, пишува Ројтерс

Договорот беше осуден од други француски медиуми кои не се дел од зделката, тврдејќи дека тоа е тајно, нефер и не го почитува законот.

Leave a Reply