Гугл тајно собира здравствени податоци за корисниците

Сподели со своите пријатели

Гугл тајно собрал податоци за пациентите од 21 држава на САД во име на компанијата „Ascension“, најголемиот здравствен систем во Соединетите држави, за проектот „Најтингејл“, објави Вол Стрит Журнал.

Loading...

WSJ тврди дека ниту лекарите ниту пациентите не знаеле дека се собрани нивните податоци.

Податоците собрани за проектот, меѓу другото, вклучуваат лабораториски резултати, дијагностицирање на лекари, евиденција за хоспитализација, здравствени проблеми на пациентите, терапија, како и податоци од скенирани документи.

Повеќе од 150 вработени во Google вклучени во проектот имале пристап до целосната медицинска историја на пациентите, заедно со нивните имиња и датуми на раѓање.

Њујорк Тајмс подоцна истиот ден потврди голем дел од она што го објави WSJ, истакнувајќи дека „десетици вработени во Google“ можеби имале пристап до чувствителни податоци за пациентите и дека некои можеби добиле некои од тие податоци.

Но, Гугл вели дека е стандардна практика давателите на здравствени услуги да споделуваат чувствителни здравствени информации со работници во технолошки компании, според законот за преносливост и одговорност на САД од 1996 година, кој му дозволува на Google да развива алатки за даватели на здравствени услуги кои користат приватни медицински досиеја на пациентите и оние за кои пациентите не бараат да бидат известени.

Портпаролот на компанијата негираше дека Гугл тајно ги собира здравствените информации на милиони Американци, велејќи дека единствената цел на ваквите проекти е да се обезбедат услуги на системите за здравствена заштита и дека компанијата порано не објавила дека го прави тоа затоа што проектот бил во многу рана фаза.

Гугл соработува со Ascension, католички здравствен систем со седиште во Сент Луис, кој обезбедува грижа за пациентите во 2.600 болници во 21 држава на САД.

Loading...

Во изјавата на Ascension се наведува дека Гугл користи системски податоци за да дизајнира софтвер што прилагодува индивидуална грижа за пациентите користејќи „напредна вештачка интелигенција и машинско учење“.

Компанијата, исто така, објави дека ќе започне со користење на услугата за чување на податоци базирана на „клауд“ на Гугл и „Г Суит“.

Гугл, од своја страна, рече дека податоците за пациентите не можат и нема да бидат комбинирани со какви било податоци од корисниците на Google.

Сепак, критичарите на проектот велат дека на пациентите им е одземена приватноста на информациите.


Leave a Reply