Чуден објект на грчкиот брег е откриен преку апликацијата Google Earth и изгледа дека никој нема претстава што всушност е тоа, пренесува Индепендент.
Како што се наведува, овој кружен објект е комплетиран со помали кругови во својата внатрешност и јасно може да се види испод површината на морето, односно само неколку метри од брегот на Мичаниона, кај Солун.
Оваа снимка е споделена на Disclose.tv, а тоа го направил еден корисник на Гугл, кој тврди дека објектот е долг околу 70 метри.
Loading...
Веднаш по објавувањето на мистериозната снимка се појавија и коментари на корисниците на интернет кои се обидуваат да одгатнат што се крие под водата, а најмногу од нив сметаат дека станува збор за објект кој некогаш бил светларник или вулкански кратер.
Со оглед на тоа дека објектот е релативно близу до брегот и судејќи по снимката, водата е плтика, па многумина сметаат дека е многу чудно што никој досега не го видел или забележал.