Гугл носи новитети: Емотикони, аудио книги, но и нешто што ќе ги воодушеви возачите!

Сподели со своите пријатели

Во текот на следните неколку недели, Google ќе објави неколку нови софтверски промени што ќе ја подобрат навигацијата, ќе го зајакнат Gboard, ќе ја олеснат гласовната контрола, ќе ги истакнат аудио книгите на Google Play и конечно ќе помогнат во споделувањето податоци со околните уреди.

Loading...

Конечно, Google ќе го направи Android Auto достапен во други 36 земји, објаснува Verge.

Новитети во „Maps

Google ќе додаде картичка Go на „Maps“ што им овозможува на корисниците брзо да се движат кон омилените места без да внесуваат адреси.

Ако обележите, на пример, работно место или училиште, Go ќе ви ја покаже насоката, ќе ве предупреди на одложувања и ќе го процени времето на пристигнување.

Можете исто така да ја изберете омилената рута за да видите кога се исплати најмногу да одите.

Google предлага обележување на јавен и приватен превоз за истата дестинација за да открие кој метод е побрз.

Картичката Go доаѓа на Android и iOS во текот на следните неколку недели.

Loading...

 

 

Емотикони

Google исто така ќе ја прошири можноста за уредување емотикони и налепници во Gboard со додавање на неколку нови и подигање на потенцијални комбинации на повеќе од 14 000.

Таканаречената Emoji Kitchen ви овозможува да обележите два емотикона и да ги видите предложените комбинации или да го удвоите истиот емотикон за „поинтензивни“ варијации.

Gboard beta веќе ја доби оваа интересна опција, а Google тврди дека ќе може да ја користат сите сопственици на Android 6.0 и нагоре. Ажурирањето пристигнува во текот на следните неколку недели.

 

Loading...

 

Полесно до аудио книги

Техничкиот гигант воведува и многу интересна промена што може да доведе до повеќе аудио книги во Play store.

Гугл објави дека контактирал куп издавачи во САД и Англија и им понудил нов автоматски раскажувач што може да се користи за создавање аудио книги. Алатката е, се разбира, сè уште во бета фаза, но треба да започне да ги достигнува издавачите во текот на првата половина на следната година.

Олеснета контрола на гласот

Google воведува и подобрена гласовна навигација, која е веќе достапна на Android 11 и пристигнува на уреди со Android 6.0 или понова верзија.

Со помош на машинско учење, Voice Access користи елементи на кориснички интерфејс како што се тастери и ознаки кои наскоро ќе бидат многу полесни за контрола со помош на глас.

Loading...

 

 

Испраќање податоци до блиските уреди

Функција наречена Nearby Share исто така ќе поддржува директно споделување апликации од Play Store со блиските корисници на Android.

Апликациите може да се испраќаат преку Bluetooth, Bluetooth со мала моќност, WebRTC или p2p Wi-Fi. Ако сакате да споделите апликација од Google Play, сè што треба да направите е да изберете опција „share apps“ во „manage apps and games“ и да ја изберете апликацијата што сакате да ја споделите.

Loading...

Вашиот пријател ќе мора да ја прифати апликацијата и целата работа ќе стане достапна во текот на следните неколку недели.

 

 

Нешто за возачите

Loading...

Конечно, Google најави проширување на Google Auto на 36 нови пазари во текот на следните неколку месеци. Сè што ви треба е автомобил кој поддржува Андроид 10.

Leave a Reply