Гугл ќе плати 400 милиони долари за да избегне тужба од 40 американски држави

Сподели со своите пријатели

Компанијата Гугл се согласи да плати 391,5 милиони долари, за 40 американски држави да не покренат правна постапка против неа.

Loading...

Државните обвинители го обвинија Google дека ги доведува во заблуда своите корисници за собирање податоци за нивните локации, дури и кога тие го исклучуваат следењето локација при поставувањето на нивните сметки, јавува Би-Би-Си.

На компанијата и беше наредено да биде транспарентна за следењето на локацијата во иднина и да развие веб-страница на која корисниците ќе можат да видат точно кои податоци се собираат.

Ова е најголемата вонсудска спогодба во спорот за приватност меѓу повеќе држави во американската историја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Минатиот месец Google плати 85 милиони долари на државата Аризона за слични тужби за собирање податоци за локацијата на корисниците, а допрва треба да оди на судење за тужби од Тексас, Индијана, Вашингтон и округот Колумбија.

Локациите на корисниците им помагаат на огласувачите при таргетирање на производите, така што Google генерира годишен приход од 200 милијарди долари од реклами.

Јавниот обвинител на Орегон, Елен Розенблум, која го гони случајот во име на 40 држави, рече дека Google веќе четири години дава приоритет на профитот пред приватноста, додавајќи дека тоа е лукаво, но неприфатливо.

„Потрошувачите веруваат дека го исклучиле следењето на локацијата на Google, но компанијата продолжува тајно да го снима секое нивно движење, а тие податоци ги користат огласувачите“, рече Розенблум.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината