Гугл почнува јавно да ги следи движењата на луѓето за време на пандемијата на коронавирусот, така што службениците за јавно здравство и другите можат да ги користат тие информации за борба против ширењето на вирусот.
Гугл во четвртокот издаде извештаи од 131 земја за тоа дали посетите на продавници, паркови и други места за собирање во март се намалија откако многу влади наредија граѓаните да останат дома за да спречи ширење на коронавирусот.
Филипини: Кој прави проблеми во карантин ќе биде застрелан од полицијата
Анализата на Гугл за податоците за локацијата на милијарди корисници на паметни телефони е најголем пакет на податоци што им се достапни на здравствените власти за тоа дали луѓето се во согласност со мерките за карантин.
Извештаите покажуваат графикони за посети на метрото, автобуските или железничките станици, продавниците и другите локации во последните пет недели.
Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот
За некои земји како САД, Гугл исто така објави регионални податоци. Податоците, исто така, се споделени со невладините истражувачи во неколку земји преку Фејсбук, кој, како Гугл, има неколку милијарди корисници. Но, оваа социјална мрежа не ги објави јавно.