Групна изолација на 200 Македонци на Криволак

Сподели со своите пријатели

Околу 200 македонски државјани денеска ќе пристигнат во земјава од унгарско – српската граница каде беа заглавени.

Loading...

Сите тие, со оргнаизиран превоз директно ќе заминат во групна изолација во Касарната Пепелиште во Криволак, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Ссогласно информациите кои ги имаме работеле во ризичните региони во Италија, дел од нив во Австрија, точните податоци ќе ги регистрираме откако ќе се интервјуираат на влезот во нашата земја и тие ќе одат во групен карантин во Касарната Пепелиште во Криволак каде се обезбедени услови, ќе има храна, медицинска поддршка, прегледи и соодветно обезбедување, изјави министерот.

Изолираните лица ќе ги обезбедува полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply