Група туристи од Русија ќе биде прва која ќе ја посети Северна Кореја од 2020 година

Сподели со своите пријатели

Група туристи од Русија ќе бидат првите на кои ќе им биде дозволен влез во Северна Кореја од почетокот на пандемијата на коронавирус во 2020 година, објавија руските регионални власти.

Loading...

Четиридневната турнеја ќе започне на 9 февруари и ќе опфати посета на главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, како и ски-центар, пренесува Ројтерс.

Патувањето, рекламирано од туристичка агенција во Владивосток, беше договорено кога шефот на далечноисточниот руски регион Приморски крај, кој граничи со Северна Кореја, го посети Пјонгјанг во декември, соопшти регионалната влада во објава на Телеграм оваа недела.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа во источна Русија во септември, кога се договорија за продлабочување на соработката меѓу двете земји на полето на политиката, економијата и одбраната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавска зима без руски гас: Придњестровје се замрзнува

Резолуциите на Советот за безбедност на ОН за ограничување на бизнисот со Северна Кореја поради нејзиното нуклеарно оружје и програмите за балистички ракети во голема мера не влијаат на туризмот, според Ројтерс.

Агенцијата додава дека една година пред почетокот на пандемијата, Северна Кореја забележала зголемување на бројот на кинески туристи и остварила дополнителен профит од 175 милиони долари.,

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.