Група од 12 кумановци досега направија 1.000 визири за здравствените работници (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На иницијатива на лекари од болницата „8ми Септември“, од Скопје, пред околу половина месец започна принтањето со 3Д технологија на заштитна опрема за медицински персонал.

Loading...

Иницијативата многу брзо се рашири низ целата држава, па така се направи и екипа во Куманово која почна да принта за потребите на Куманово и кумановско.

 

 

Независниот тим, составен од 12 лица од Куманово, располага со 12 машини за 3Д принт кои неуморно принтаат веќе 15 дена и досега имаат направено преку 1.000 визири што се предадени на медицинските установи во нашата непосредна околина.

– Околу 350 визири на градската болница Куманово, преку 100 на Здравствениот дом, 30 на Центарот за јавно здравје, 50 на болницата во Свети Николе, 20 за Кратово, 60 за Крива Паланка и уште многу дадени на приватните здравствени установи, односно на ординациите воглавном по општа медицина. Останува уште само мал број на институции што не се покриени со оваа благородна акција, како и приватните ординации од Кратово, Крива Паланка и Свети Николе, а примарна цел е да се снабдат со визири сите медицински установи низ земјава, велат од групата.

 

Loading...

 

Организацијата функционира по пат на донации, а тоа значи дека се прибираат средства со кои се купуваат материјали (филамент – материјал за принтање, вералит – проѕирен штит).

Освен листите што содржат информации за медицинските установи и лекарите, постои и формулар со кој се пријавуваат сите на кои досега не им била доставена оваа толку потребна опрема.

Формуларот може да го превземете ТУКА:

– Би сакале да се заблагодариме на интересот и поддршката кои ги добиваме во огромен број, да ве поздравиме вас медиумите  и да укажеме на тоа дека нашата група работи на волонтерска база, трошејќи електрична енергија за принтерите од свој џеб и време што со љубов го дарува онаму кај што е најпотребно во оваа кризна состојба.  Поздрав од луѓето кои не се прават херои, туку тоа навистина се, велат овие хумани и храбри кумановци.

 

Loading...

 

Никола Ивановски / фото: Фејсбук

Leave a Reply