Група албански интелектуалци со барање: Стоп за црните сценарија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Група интелектуалци од Куманово со отворено писмо до институциите на Македонија и претставниците на меѓународниот фактор,  бараат да се зголеми вниманието кон Куманово, после црните сценарија кои по секоја цена тендираат да го отскликаат градот како ”буре барут”.

Loading...

Во писмото се бара одговорност од сите институционални фактори, политички и меѓународни мисии за да се стопираат сличните сценарија во Куманово, како и одговорност од актуелната власт, особено од ДУИ, јавно да излезе, и да докрај да ги разјасни случувањата, без бегање од одговорност, пишува во писмото на албанските интелектуалци.

Како што е посочено, се бара формирање на заеднички совет на општините на Куманово и Липково што ќе се обиде да ја контролира ситуацијата, т.е ревитализирање на оваа зона со финансиска поддршка и проекти, како и отворање на широка дебата за последните настани во градот.

Писмото е адресирано до Владата на РМ, канцеларијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ, НАТО и претставништвата за заштита на човековите права, а иницирано од новинарот Насер Пајазити и политиколотот Џенис Сулимани, и  поддржано од различни профили на интелектуалци од Куманово, и тоа: Селвер Јашари, Реџаил Рамадани, Исен Салиу, Сеад Зимери, Фатос Рушити, Мухамер Пајазити, Илјаса Салиху и останати општествени работници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.