Груевски вети нова Влада на 15-ти јануари

Сподели со своите пријатели

Актуелниот премиер, Никола Груевски вети дека она што е договорено во пржино ќе биде реализирано, па така ќе има и нова Влада на 15-ти јануари.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ вели дека оставката на Груевски ќе дојде на 10-ти јануари, согласно договорот, но засега нема точен датум од кабинетот на Груевски.

Засега имплементацијата на договорот донесе Специјално обвинителство, нова Државна изборна комисија, ја врати опозицијата во собраниските клупи, а донесе и нови министри и заменици министри.