Груевски најави бесплатни типски проекти за градење семејни куќи

Сподели со своите пријатели

-Во изминатиот период вршевме подготовка за овој проект и веќе Министерството за   транспорт е во самиот финиш на завршување на проектот. Очекувам некаде во текот на оваа или наредната недела Министерството за транспорт да излезе со готови проекти. Тие речиси ги завршија 6 типски проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180  квадрати, а тоа се готови, завршени проекти за градба на куќа- истакна Груевски

Како што истакна Груевски, кога овие проекти би ги правеле самите граѓани би ги чинеле околу 1000-2000 евра, а реализацијата на овој проект започнува во наредните 5-10 дена и на секој граѓанин кој што не сака да плаќа проект за градба на куќа, а сака да земе таков проект кој што е типски направен, министерството ќе му заштеди помеѓу 1000-2000 евра.

Loading...

Овој проект и наскоро официјално ќе биде објавен и граѓаните ќе можат во Министерството за транспорт и врски да го подигнат лично, но и преку интернет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.