Груевски го посети Куманово и разговараше со локалните жители (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Премиерот Никола Груевски во придружба на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски  и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски, како и претставници на кабинетот на премиерот остварија средби со граѓаните на Куманово.

Loading...

Агендата на премиерот започна со посета на с. Романовце каде тој разговараше со мештаните на оваа населено место и се запонз асо проблемите кои ги имаат, а воедно најави и решавање на истите. Од тука посета оствари во ООУ „Толи Зодрудимис“, по што следуваше разгледување на реновираните простории на училиштето „Браќа Миладиновци“ за каде беа издвоени 12 милиони денари.

[huge_it_gallery id=”185″]

Пред училиштето премиерот разговараше и со дел од жителите, а потоа се упати во посета на населбата Гоце Делчев каде оствари средба со граѓаните. Во разговорот премиерот вети дислокација на Центарот за зависници, кој се наоѓа во близина на ОУ „Кочо Рацин“, во новите простории на Ургентниот центар кој допрва ќе се гради.

На местото на сегашниот Центар за зависници премиерот вети пренамена на просторот за изградба на детска градинка за жителите од населбата.

Во останатиот дел од агендата на премиерот Никола Груевски останува посета на селата Пчиња, Никуљане, Младо Нагоричане и Старо Нагоричане.

Loading...