Гроси: Заштитна зона околу Запорожје е единственото решение

Сподели со своите пријатели

Генералната конференција на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) се одржува во време кога се соочуваме со комбинација на предизвици, кои се состојат од војна, енергетска криза и криза со снабдување со храна, која е пред нас, посочи денеска во Виена генералниот директор на оваа агенција на ОН Рафаел Маријано Гроси.

Loading...

„Знаеме дека во многу работи што ги правиме, имаме можност позитивно да влијаеме на предизвиците. Приоритет на предизвиците со кои се соочуваме е секако војната во Украина, која, како што рече генералниот секретар на ОН, мора да престане“, подвлече Гроси, обраќајќи им се на делегатите на земјите членки на МААЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напаѓачот на Трамп изјавил за АФП: „Путин е терорист, мораме да му ставиме крај“

Тој нагласи дека мора да се направи се за да се спречи нуклеарна несреќа, која само ќе ги зголеми маките на граѓаните.

Тој потсети дека неодамна бил во Запорожје, каде заедно со неговиот тим ја посетиле нуклеарната централа, која е под контрола на завојуваните страни.

„Ако нешто се случи таму, ќе се обвинуваме себеси што не постапуваме, бидејќи имаме план на маса“, рече тој.

Гроси објави дека минатата недела започнал консултации со претставниците на Украина и Русија за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа во Запорожје.

Тој рече дека е подготвен да ги продолжи тие разговори оваа недела.

„Само формирањето на заштитна зона ќе овозможи стабилизирање на ситуацијата“, подвлече Гроси.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Тој рече дека МААЕ ќе продолжи да се бори за безбедно користење на нуклеарната енергија и најави дека тоа ќе биде тема на конференцијата во Шарм ел Шеик, Египет, земја која одлучи да користи нуклеарна енергија.

Тој нагласи дека е важно МААЕ да продолжи да работи на подобрување на животот на граѓаните, а во таа насока ги спомена и програмите за борба против ракот.

Во седиштето на ОН во Виена, на Генералната конференција претставници на 175 земји членки до 30 септември ќе се осврнат на широк спектар на теми, а фокусот секако е на војната во Украина и иранската нуклеарна програма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев

Така, ќе се разгледува извештајот за минатата година, но ќе се разговара и за буџетот за 2023 година со цел зајакнување на активностите поврзани со нуклеарната наука и технологија.

Ќе се разговара и за зајакнување на ефективноста и подобрување на работата на агенцијата во областа на нуклеарната безбедност и нуклеарните активности.

Кога станува збор за нуклеарната безбедност, фокусот ќе биде ставен на Украина, но и на Блискиот Исток и Северна Кореја.

Во рамките на Генералната конференција на МААЕ, во седиштето на ОН во Виена, ќе се одржат многу настани, меѓу кои и отворање изложби.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...