Гроси: Се надевам на решение за Запорожје до крајот на годината

Сподели со своите пријатели

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изрази надеж дека Русија и Украина до крајот на годината ќе склучат договор за создавање заштитена зона во областа околу нуклеарната централа Запорожје.

Loading...

„Посветен сум на изнаоѓање решение што е можно поскоро. Се надевам до крајот на годината“, изјави Гроси во интервју за италијанскиот весник „Република“ објавено денеска.

Како што рече, целта на МААЕ е да се избегне нуклеарна несреќа, а не да се создаваат околности кои би фаворизирале која било страна во конфликтот.

Гроси не ја исклучи можноста да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и со Украинецот Володимир Зеленски за да се реши проблемот.

Електраната Запорожје, најголемата европска нуклеарна централа од ваков вид, произведуваше околу една петтина од украинската електрична енергија пред почетокот на војната во Украина и беше принудена да работи на резервни генератори поради оштетување на далноводите предизвикани од гранатирање.