Гром удрил во авион со 140 патници за време на летот, екипажот снимил сè (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екипажот на патнички авион со 140 патници имал непријатно искуство при слетувањето на аеродромот во Панама, бидејќи авионот бил погоден од гром, а тој момент бил снимен на снимка.

Loading...

Според порталот „Дејли меил“, авионот Боинг 737 МАКС летал на надморска височина од околу 9.000 метри, а потоа во моментот гром го погодил леталото.

Пилотите летале во темница и биле изненадени од удар на гром, но успеале да ја задржат својата присебност и мирно и безбедно го спуштиле авионот на земјата.

Еден од аеронаутичките инженери кој бил во пилотската кабина ги снимил грмотевиците со камера.

– Бев многу исплашен. Сепак, обучени сме за слични ситуации и не беше првпат да доживеам удар на гром – рече тој.

 

Leave a Reply