ГРОМ бара од локалната власт да се постави осветлување на градскиот кеј (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската Организација на ГРОМ Куманово, денес на прес конференција ги изнесе своите ставови во врска со работењето на локалната самоуправа на градот, во истовреме пофалувајќи ја акцијата за асфалтирање на градските сообраќајници но и критикувајќи ги неколкуте недостатоци во целокупното одржување на градот.

Loading...

Зоран Петрушевски, инаку член на Извршниот одбор на ГРОМ, обраќајќи се до локалната самоуправа, истакна дека локалната самоуправа е должна да постави осветлување на градскиот кеј, со оглед на големата фреквенција на пешаци во ноќните часови, а оттука и неможноста за безбедно движење поради немање светло на патеките.

– Кога сме кај осветлувањето, замолуваме да ставите барем една сијалица кон локалитетот Стара Бања, каде владее ќор – темница, како и на ул. Ѓорче Петров кај маркетот ТУШ, истакна Петрушевски.

Петрушевски на денешниот прес од локалната самоуправа побараа и исплата на дневниците на членовите на избирачките одбори од редовите на ГРОМ остварени за време на последните избори.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.