Во моментов нестабилна облачност има на повеќе места во североисточните и југозападните делови. Северно од Скопската Котлина има облачно јадро, кое се движи кон котлината и наскоро ќе бидат зафатени северните делови со пороен дожд и грмежи.
Нестабилно со пороен дожд и грмежи е и во Кумановскиот регион како и во поголемиот дел од Пелагонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.