Грета Тунберг се огласи по апсењето во Германија

Сподели со своите пријатели

Шведската климатска активистка Грета Тунберг се огласи откако беше приведена во Германија.

Loading...

Таа беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени вчера за време на протестот против ископ на јаглен во рудник во близина на германското село Лицерат во Германија.

„Вчера бев дел од група која мирно протестираше против проширувањето на рудникот за јаглен во Германија. Полицијата нѐ собори на земја, а потоа не приведе, но не ослободи подоцна истата вечер“, напиша Грета Тунберг на својот Твитер профил.