Грета Тунберг и петнаесет други деца во понеделникот поднеле тужба, што може да ја промени загрижувачката состојба во врска со климатските промени.
Додека тој ден се препотуваа дипломатите во темни костуми на Самитот за климатски промени на Обединетите нации во Њујорк, група тинејџери ја загреаа атмосферата уште повеќе.
Тие најавија дека ги тужеле петте најголеми загадувачи со јаглерод диоксид за кршење на правата на децата. Доколку добијат спор, Обединетите нации ќе ја класифицираат климатската криза како криза за правата на децата и што е уште поважно, да ги принудат Аргентина, Бразил, Франција, Германија и Турција да соработуваат со други земји во остварувањето на обврзувачките цели за ограничување на емисиите на стакленички гасови.
„Ова не е во ред, не треба да бидам тука“, рече Грета Тунберг во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, треперејќи од гнев.
– Требаше да бидам на училиште од другата страна на океанот. Вие ги украдовте моите соништа и детството со вашите празни зборови. Нема да ви дозволиме да се извлечете со тоа. Тогаш, и сега ја цртаме линијата, рече таа.
Во тужбата, поднесена од децата во адвокатската канцеларија Хаусфелд, се вели дека светските влади ги кршат правата на децата според Конвенцијата на ООН за правата на детето.
Документот изготвен во 1989 г. ги дефинира неотуѓивите права на децата, меѓу другото, и правото на живот, здравје и мир. Постојат многу докази дека климатските промени веќе предизвикуваат болести кај децата и ги убиваат, но исто така ги принудува да ги напуштат огништата.
– Тужителите се млади луѓе кои веруваат дека ние возрасните не сме ја исполниле „должноста да се грижиме за нив“, вели Кирстен Дејвид, експерт за меѓународно право во Правниот факултет на Универзитетот Макерки од Сиднеј.
Александрија Виласенор, една од тужителките и лидер на „Во петок за иднината“ во Соединетите држави, изјави за Гизмодо дека решила да стане активистка откако на градот Дејвис паднал облак со токсичен чад по минатогодишните шумски пожари во северна Калифорнија минатата година додека била на посета кај роднините. Таа морала да замине порано и оттогаш станала поинаква личност. Таа протестира пред зградата на ООН веќе 41 недела.
– Одлучив да учествувам во тужбата затоа што и покрај штрајкот, она што беше потребно не беше сторено. Сега преминуваме на следниот чекор – вели таа.
Сите 16 тужители ги почувствувале ефектите од климатските промени.
Тужителите потекнуваат од различни краеви на светот, вклучувајќи ги и петте држави што се тужени.
Во документот се вели дека атмосферата нема граници, дека загадувањето со јаглерод диоксид од пожари предизвикани од човекот во Бразил има исто толку влијание врз климатските промени колку и повеќето емисии од електрани со јаглен во Турција.
Сите пет земји имаат едно заедничко нешто: тие се дел од групата од 51 земја што го потпишаа Третиот факултативен протокол на Конвенцијата, што им овозможува на децата од целиот свет да поднесат тужба против земјите потписнички.
Судската постапка, поднесена во понеделник, ќе биде разгледана од страна на комитет од 18 меѓународни експерти за човекови права, а доколку решат дека климатските промени ги загрозуваат правата на 16те тужители, петте држави наведени во тужбата ќе мора или да ја напуштат конвенцијата или да преземат радикални активности за решавање на климатските промени.