Грција протера руски дипломати поради Македонија

Сподели со своите пријатели

Грција протерува двајца руски дипломати, а Москва порача дека на тоа ќе одговори со протерување на двајца грчки дипломати, наведува агенцијата РИА.

Грција соопшти дека ќе протера двајца руски дипломати од земјата, додека рускиот пратеник Андреј Климов наведува дека Москва ќе одговори со иста мерка.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос порача дека Грција нема да протерува било какво однесување кое го крши меѓународното право.

Официјална Атина на ваков чекор се одлучила поради подмитување на грчки функционери од рсуките дипломати поради добивање одредени информации за договорот за името со Македонија, пишува грчки Катимерини.

Повикувајќи се на дипломатски зивори, весникот наведува дека Русите наводно на разни начини се обиделе да го прошират влијанието во Грција, помеѓу другото и мешање во активности на Царското друштво на христијански Палестинци.

Според Катимерини, Атина одлучила да го протера Виктор Јаковљев и уше еден неименуван руски дипломат.

Се наведува дека двајцата се обиделе да влијаат на договорот за името на Македонија кој неодамна го потпишаа Атина и Скопје.

Leave a Reply