Грција: Пожари во Фокис и Пелопонез

Сподели со своите пријатели

Слабеењето на ветрот во текот на ноќта ѝ помогна на грчката противпожарна служба да контролира неколку пожари во различни делови на земјата, иако утринава пожарникарите сѐ уште се борат со пожарот во Фокис и на Пелопонез.

Loading...

Според Противпожарната служба, само во понеделникот избувнале 52 пожари предизвикани од силниот ветер и високите температури, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Еден од нив е пожарот во подножјето на планината Парнас во Фокис, каде што огнот сè уште гори низ областа под маслиновите градини и се дели на неколку фронтови додека се пробива кон морето.

„Во текот на ноќта ни помогна слабеењето на ветровите. Загрижени сме за фронтот од Итеа до Агиа Ефтимија“, изјави заменик-гувернерот Јоргос Делмозос.

Тој додаде дека денеска се очекува зголемена воздушна поддршка во натамошното гаснење на пожарот.

Како што соопштија од Противпожарната служба, во гаснењето на пожарот биле ангажирани 140 пожарникари со 43 возила, а од воздух помогнале четири авиони и еден хеликоптер.

Противпожарни авиони беа распоредени и во Кранида во Арголис во северниот дел на Пелопонез, каде во понеделникот мораше да биде евакуиран хотел.

Во тој реон моментално работат 63 пожарникари, 18 возила, два авиони и еден хеликоптер.

Loading...

Пожарот се гаси и во областа Илија на Пелопонез, а во понеделник пожарот се приближил до селото Лата, каде е издадена наредба за евакуација, а во гаснењето се вклучени 195 пожарникари со 48 возила, како и авион. оганот.

Локализиран е уште еден пожар што избувна вчера на Света Гора во пошумен предел, а на лице место делуваше хеликоптер, додека на терен се борат уште 46 пожарникари и 16 возила.

Се очекува уште еден тежок ден, бидејќи веќе четврти ден по ред е зголемен ризикот од шумски пожари, соопшти Националната метеоролошка служба.

Во понеделникот попладне избувна пожар на Закинтос, во шумска област во областа Камби, на северната страна на островот, кој го гаснат 30 пожарникари со 12 возила, авион и два хеликоптери.

Посебна внимателност ќе биде потребна и денеска бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар во регионите на Атика, Централна Грција, Пелопонез, Западна Грција и Северниот Егеј, наведува Катемерини.