Грција окована во снег и мраз: Ледениот бран го погоди туристичкиот рај

Сподели со своите пријатели

Поради зимското време и снегот во Грција затворени се патиштата во планинските области околу Атина, Евија и Виотија, а фериботите не го напуштаат пристаништето поради бурните ветрови, јавуваат денеска грчките медиуми.

Loading...

Снег падна на ридовите Парнита и Пентели во Атина, поради што властите ги затворија патиштата кои водат кон околните планини додека не се исчистат од снег и безбедни за возење, пишува порталот Катимерини.

Потребна е зимска опрема и синџири за снег на стариот национален автопат Елефсина околу Каза во западна Атика, додека училиштата, канцелариите и деловните субјекти во областите погодени од лошото време работат онлајн, соопшти службата за цивилна заштита.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Бурните ветрови во Егејското Море утринава ги спречија фериботите да ги напуштат атинските пристаништа Пиреја, Лаврио и Рафина.

Делови од Евија и Виотија се соочија со слични проблеми што ги донесе студениот зимски фронт наречен Авги, а особено обилни снежни врнежи има во Стена и Леонтара.

Според прогнозата на Националната метеоролошка служба, ниски температури и снег денеска се очекуваат и во Тесалија, островите Споради, источните делови на централна Грција, Евија и северниот и источниот Пелопонез, како и на повисоките места на Крит и на Егејските острови, додека за останатите врнежи од дожд се прогнозираат за делови од земјава.