Грција на удар на громови: Регистрирани речиси 50.000 (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силно невреме вчера попладне го погоди копното на Грција и островите во Егејското Море, јавуваат медиумите.

Loading...

Според Националната метеоролошка служба, досега наврнале над 100 милилитри дожд.

Истовремено, системот за следење на молњите до 17 часот забележал 48.845 удари на гром над Грција.

Операторите им праќаат пораки на мобилни телефони на туристите кои моментално се на одмор во Грција, предупредувајќи ги дека во следните два дена ќе има невреме.

Во пораката напишана на грчки и англиски јазик, властите забележуваат дека е неопходно да се избегнува движење во период од 48 часа, освен ако тоа е апсолутно неопходно, поради обилни врнежи, грмежи и невреме.