Грчкитe гранични премини ,,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Грчките грнаични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе останат затворени за сообраќај целосно до сабота, информираат надлежните.

– Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини ,,Дојрани“ и ,, Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота), стои во соопштението на МВР.

Loading...

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *