Грчка заменичка министерка поднесе оставка поради надомест за стан

Сподели со своите пријатели

Заменичката на грчкиот министер за труд Ранија Антонопулу синоќа поднесе оставка откако се дозна дека барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари.

Таа во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра за изнајмување стан.

Антонопулу е мажена за грчкиот министер за економија и развој Димитри Пападимитри, кој не ја коментираше јавно оставката на својата сопруга.

Нејзина оставка бараа претставници на опозициските партии тврдејќи дека е непристојно да и се даде надомест кога Грција се соочува со економска криза.

Грчката Влада наведе дека планира на членовите на Кабинетот да им го да укине плаќањето  надомест за изнајмување станови./МИА

Leave a Reply