Гранатиран Мелитопол, руските сили собориле две ракети

Сподели со своите пријатели

Силни експлозии се слушнале рано утринава во украинскиот град Мелитопол, кој е под руска контрола, јавува ТАС С од местото на настанот.

Loading...

Агенцијата Риа Новости јавува, повикувајќи се на изјавата на функционерот на руската цивилно-воена управа на регионот Запорожје, Владимир Рогов, дека нешто по полноќ се слушнале четири експлозии и дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле два украински ракети.

„Како резултат на операцијата на руските системи за противвоздушна одбрана во областа Мелитопол, беа соборени две ракети истрелани од милитантите на вооружените сили на Украина врз цивилната инфраструктура и станбените области на градот“, објави Рогов на Телеграм.

Тој за ТАС С објасни дека, според првите информации, вооружените сили на Украина го гранатирале градот од повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.