Граната пронајдена во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Во стар помошен објект во центарот на Куманово, шеесет и едногодишен жител вчера пронашол граната.

Loading...

– На  16.04.2024 во 13.06 часот во СВР Куманово,  Г.К.(61) од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско