Граѓанските активисти јавуваат за криумчарење мигранти од Лојане кон Србија

Сподели со своите пријатели

Граѓанските активисти кои работат во помагање на мигрантите на преминот Табановце, јавуваат дека во текот на вчерашниот ден, активистите биле избркани од неколку лица кои се занимаваат со криумчарење на луѓе преку граничниот појас.

Loading...

Во обиколка на теренот близу селото Лојане во Општина Липково, активистите наишле на група од 200 Авганистанци и Пакистанци кои на активистите им соопштиле дека без помош на криумчарите, тие нема да можат да ја поминат државната граница.  Според активистите, групата мигранти во с. Лојане била присутна со денови, без храна и вода, опколени со смет.

Тоа што криумчарите им кажале на Авганистанците е дека тие дневно може да пренесат околу 50 – 60 луѓе. Авганистанците според кажувањата не знаеле дека на преминот легално чекаат луѓе – мигранти од Сирија, велејќи дека тие се среќни што воопшто може да поминат.

Активистите на социјалната мрежа во групата за помош на мигранти јавуваат дека неколку стотина мигранти се пожалиле дека откако ќе ја преминат границата со Србија, биле упатувани кон Лојане, каде што ги пречекувале криумчарите со луѓе, односно дека селото врие од Авганистанци кои со денови чекаат да бидат спроведени во Србија за одреден износ на пари.

– Тоа е оној дел каде што треба да делува македонската полиција. Постоењето на дивиот камп во регионот на с. Лојане и моќта која ја имаат тие луѓе, само го потврдува нивото на корупција и инволвираноста на некои структури во бизнисот со луѓе, пишуваат активистите.

Loading...

Во функција на осознавање на вистината за криумчарење на Авганистанците, активистите напоменуваат дека не` сите од нив се криминалци и криумчари со луѓе. Оние кои се занимаваат со криумчарење, најверојатно се познати на полицијата, велат активистите (со оглед дека ние бевме во позиција да препознаеме неколку од нив бидејќи на неколку пати ги видовме во Табановце, Лојане или Гевгелија, се вели во коментарите), со тоа што ситуацијата во Лојане остана непроменета, потенцираат граѓанските активисти.

Крумчарењето на луѓе – мигранти преку граница според активистите било замаскирано со неколку полициски рации, но луѓето се уште се носат од свои водачи од Гевгелија кон Табановце, и се работи за земање поткуп.

Во момент кога активистите успеале да зборуваат со неколку мигранти додека криумчарите не биле во кампот во Лојане, добиле информации дека мигрантите навистина не знаат дека тие може слободно да ја поминат границата, и плаќањето е единствен начин да одат кон Србија, пишуваат активистите на социјалната мрежа Фејсбук.

 


Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.