Граѓаните се сомневаат во исценирана безбедносна криза во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Не само национални медиуми. Во Куманово се присутни и медиумски куќи од Србија, Бугарија и Турција кои чекаат кај Зелениот пазар во Куманово за да дојдат до било какви информации за тоа што точно се случува на терен.

Loading...

[huge_it_gallery id=”39″]

Граѓаните во своите изјави за медиумите, вината ја лоцираат во владата. Веруваат дека ова што се случува во Куманово денес е сценарио и ништо не се случува туку така.

– Отсекогаш сме живееле мирно во градот и околината. Јас доаѓам од село Алгуња. Моето село се наоѓа на самата граница со Србија и досега не сме имале никакви проблеми. Ова е масло на Груевски, вели случајниот минувач од с. Алгуња.

Иако Македонија има потпишано Меѓународна конвенција за човечки права, државата упорно ги гази нашите права, и денес тоа што се случува денес е монтиран случај, исто како што се случи со случајот Сопот, Бродец, Битола и други монтирани случаи, вели граѓанин на Куманово од албанска националност.

– Груевски и Ахмети доведоа до ова, вели граѓанинот.

Loading...

 

Leave a Reply