Граѓаните реагираат дека градските гробишта се запуштени, надлежните тврдат дека започна уредувањето (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од завчера Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започна со средување на градските гробишта, каде воедно и ќе се коси тревата, за која дел од граѓаните реагираа и до нашата редакција.

Loading...

 

 

Како што велат од високата трева тешко се доаѓа до гробните места, но надлежните уверуваат дека по ангажманот со пандемијата, сега ќе стават акцент на решавање на овој проблем.

 

 

Loading...

– Ние може да средуваме само околу гробните места, а за самите гробни места ќе мора самите граѓани да си средуваат, тоа е нивна сопственост. Инаку „Чистота и зеленило“ има поставено повеќе садови за смет, но за жал нашата традиција и култура е таква и континуирано има смет со кој ние тешко се справуваме, вели Даниел Стојчевски, директор на комуналното претпријатие.

Leave a Reply