Граѓаните првин плаќаат интернет, а за вода ако остане

Сподели со своите пријатели

Наплата за последна сметка за вода е 37 отсто, а за телефон и интернет околу 97 отсто, рече директорот на Јавното претпријатие „Водовод“ Горан Стојковски, на последната седница на Советот на Општина Куманово, наведувајќи дека тоа е сериозен проблем со кое е соочено претпријатието.

Loading...

– Последни испитувања од страна на здружението на комуниални претпријатија во Македонија, велат дека наплата за сметка за вода оди прва наплата од 38 отсто, се зголемува до крај на година до 80 отсто каде влегува и напалта на сметка од претходи години и имајќи предвид дека загуба на вода е околу 51 отсто, можете да замсилите кои ни се вистинските финсиски можности, но тоа ни дава правец на кој мора да работиме во нареден период, вели Стојковски.

Во своите финансиски извештаи „Водовод“ бележи намалување на трошоците по однос на плати за 5 отсто, а како што појасни директорот Стојковски, тоа се бележи на пензионирање на одредени вработени, чии места не се пополнети, туку е извршено преструктуирање со цел да не се прават непотребни нови вработувања.

Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“ (архива)

Сепак скоро за три пати е зголемена ставката на контото останати трошоци, каде спаѓаат извршители, камати, интелектуални услуги и слично.

– Трошоци кои се однесуваат за ангажирање рабнотици преку агнеција, имаме агенција со 1 отсто провизија што е за нас огромен успех, претходно се работело со 10 отсто, тука се трошоци за ангажирање, интелектуали услуги, тарифи за регулаторни услуги, трошоци за стурчни списапнија, судски трошоци, пресуди од претходни периоди, огласување во печтани медиуми, извршители, плаќаме заостанати долгови и извршни трошоци по основ на овие пресуди, тука се правни и адвокатско-нотарски услуги, појаси Стојковски.

Како што појасни директорот, сите обиди во 2018 година да не дојде до тужење со корисниците не вродиле со плод, па сите физички и правни лица кои не ги платиле своите побарувања се дадени на суд.

Loading...

Leave a Reply