Граѓаните на Женева на референдум се изјаснија за забрана на симболите на омраза

Сподели со своите пријатели

Околу 85 отсто од граѓаните на швајцарскиот кантон Женева на референдум гласаа за забрана на симболите на омраза како што е нацистичката свастика, со додавање на нов член во кантоналниот устав.

Loading...

Со ова, Женева стана првиот од 26-те кантони кои во својот устав имаат забрана за истакнување или носење облека со симболи на омраза, пополнувајќи го правниот вакуум, бидејќи таква забрана не постои на федерално ниво, пренесува Swiss info.

Услов за ова дополнување на уставот е спроведување на референдум, иако тој веќе беше поддржан од кантоналниот парламент во јуни 2023 година, со поддршка од сите партии освен десничарската Швајцарска народна партија.

Слични предлози за забрана беа претходно дискутирани во кантоните Вауд, Фрибург и Нешател, со намера да се спречи растот на антисемитизмот од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток и употребата на симболи на омраза за време на пандемијата на ковид.